„Брала мома Капини“ ја крена Италија на нозе
Вчера во Рим, на фестивалот "Concerti del Tempietto" во Театро ди Марчело, се одржа целовечерeн концерт на пијанистите Марија Николовска и Нита Груби.
На програмата беа изведени дела од: Јоханес Брамс, Астор Пијацола, Сергеј Рахмањинов, Крсте Бадаровски, Франц Лист, a публиката ја крена на нозе македонското дело за четирирачно пијано „Македонска парафрази бр. 2" од македонската композиторка Бете Илин.
Концертот беше поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Асоцијацијата Темпието, и Амбасадите на Р. С. Македонија во Италија и во Светата Столица Ватикан. Марија Николовска и Нита Груби во текот на 2022г. одржаа повеќе концерти во Скопје, Кавадарци, Софија, Прага, Приштина, Тирана и Рим а концертната сезона ќе ја продолжат до крајот на годината со уште неколку концерти.
Ново на Сител
-
30 дена од трагедијата во Кочани
-
Продолжува владината посета на ОАЕ
-
Таравари останува во Вреди, но сам ќе оди на избори
-
Од петок трговците ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Отворен и кариерен ден на УГД– Штип и Стопанска комора на Македонија
-
Фондацијата Елеуса обезбеди Велигденски пакети за над 200 семејства
-
Преглед на вестите од светот
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди