Божикна честитка на бискупот скопски Киро Стојанов
Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов упати божикна честитка по повод празникот Божик што утре го слават граѓаните на Македонија со католичка вероисповед.
- Драги браќа и сестри, празнувањето Божик секоја година ни овозможува да ја искажеме кон своите најблиски, но и кон сите луѓе со добра волја, секогаш старата, но во исто време нова порака која Божик со себе ја носи. Не, тоа не е сеќавање на некој настан кој што поминал, туку тоа е секоја година нов настан. Ние христијаните не славиме, барем не во литургијата, некој си спомен, туку настан. За нас Исус Христос, како вели апостол Павле, е вчера, денес и секогаш. Славејќи го живиот Бог кој стана човек на сите луѓе ја навестуваме Радосна вест на спасението, се вели во честитката на бискупот Стојанов.
Мојата порака до верниците кои празнуваат Божик, а и до сите луѓе со добра волја, посочува бискупот, е овие денови да се отвораат кон милосрдието и да пружат рака на оној кој е сиромашен и гладен, да избришат солза на оној кој е жалостен, да го посетат оној кој е болен и тоа без разлика на вера и нација, зашто Бог не прави разлика меѓу луѓето.
- За Него вистински сме браќа и сестри. Нашата блажена Мајка Тереза тоа најдобро го покажа дека Бог го љуби човекот работејќи во далечната Индија каде стана Мајка на сиромасите. Ви го честитам Божик со една единствена желба и молба, а тоа е: отворете ја вратата на вашите срца и ќе видите дека св. семејство стои пред вашите врати и моли влез. Примете го и донесете му среќа и радост, а со тоа ќе почувствувате дека е вистина што некој рекол: „Да не бидеш сакан е тешко, а да не сакаш е трагедија“. Ви посакувам Божик со настаните на љубовта, милосрдието и добрината да влезе во вашите срца, во вашите семејства, во вашите домови и ви го донесе својот непроценлив мир. Христос се роди!, стои во божикната честитка на бискупот Стојанов.
Ново на Сител
-
ИДФ тврди дека значително е оштетен објектот за збогатување ураниум во Натанц
-
Кривични пријави против две правни и две физички лица за бесправно градење
-
Сијарто: Не е само до Бугарија, членките во ЕУ што го поддржуваат проширувањето кон Западен Балкан се малцинство
-
Пуштен патот од Охрид до Св. Наум, со 11,7 милиони евра обновени 24,4 километри
-
Трамп: Израелските напади врз Иран се одлични
-
На огласот за самовработување пријавени над 2500 лица
-
Вкупниот промет во индустријата зголемен за 6 проценти во април на годишно ниво
-
Иран соопшти за најмалку 95 повредени во израелските напади во текот на ноќта