Loading Video...
Ф1
13. July 2019 - 16:27

Ботас пред Хамилтон на стартот на Британското Гранд-при

 Двата болиди на Мерцедес ќе бидат во првиот стартен ред на утрешната трка 10_та во Формула 1 шампионатот, што ќе се вози за Големата награда на Велика Британија. 
 
Во супер интересен финиш од денешните квалификации на патеката Силверстон, Валтери Ботас оствари за само 6.илјадити делови од секундата побрзо време од тимскиот колега Луис Хамилтон, па овие двајца ќе бидат на првите две стартни места 
 
Веднаш зад нив трката ќе ја почнат болидите на Ферари и Ред Бул и тоа од вториот ред Леклерк (Ферари) и Верстапен (Ред Бул), односно од третиот ќе стартуваат Гасли (Ред Бул) и Фетел (Ферари) 
 
Во пресрет на Британското Гранд-при, лидер во Генералниот поредок е Хамилтон со 197 бодови, пред Ботас со 166, а по нив следуваат Верстапен (126), Фетел (123) и Леклерк (105).