Борисов изјави дека ќе се повлече од политиката доколку ГЕРБ не победи на изборите, а потоа го смени мислењето
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, за време на неговата изборна кампања во Разград, најави дека доколку Бугарите ги реизберат поранешните владетели Продолжуваме со промените, БСП и Демократска Бугарија, тој повеќе нема да води изборна кампања и нема да се кандидира за функцијата, јави дописникот на МИА од Софија.
Според Борисов, ова беше најлесната кампања за ГЕРБ. На 2 октомври граѓаните на Бугарија треба да одлучат која партија или коалиција да поддржат, рече Борисов. За неефикасната енергетска политика тој ја обвини претходната власт истакнувајќи оти нуклеарната централа „Козлодуј“ во Бугарија работеше со полна брзина, а струјата чини 45 лева (23 евра), а се продава за 1.800 лева (900 евра) и праша зошто го испуштиле ова. Борисов, сепак, неколку часа откако изјави дека може да се повлече од политиката доколку ГЕРБ не победи на изборите на 2 октомври, неговиот ПР Севдалина Арнаудова и Никола Николов на Фејсбук напишаа дека се договориле со Борисов доколку се повлече од политика лично да им соопшти.
– Бидејќи тој не ни кажа ништо такво, ние продолжуваме со кампањата низ Бугарија и сакаме да Ви кажеме да не читате лажни вести, напишаа Арнаудова и Николов. Веста за можна оставка на Бојко Борисов накратко стана главна вест во бугарските електронски медиуми.
Ново на Сител
-
Тема на денот: Каква е статистичката слика за локалните избори
-
Три нови уролошки процедури
-
Преглед на вестите од светот
-
Гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и оние сместени во установи за вонсемејна грижа
-
Кондарко: Исправена е печатната грешка на гласачките ливчиња во Ново Село
-
Во Прилеп гласаат 297 болно и изнемоштено лице, 63 штитеници во Домот за стари лица и 119 осудени лица во КПД Прилеп
-
Гласање на болни и изнемоштени и осуденици во затвор - Штип
-
Во понеделник интервју на кандидатите за судија во Судот во Стразбур