Боларис: Во грчките учебници ќе се вклучи новото име Северна Македонија
Во грчките учебници ќе се вклучи новото име „Северна Македонија“ како што предвидува Договорот од Преспа за соседната земја, пишува заменикот министер за надворешни работи на Грција, Маркос Боларис во писмениот одговор на пратеничко прашање од опозициската Нова демократија, јави дописничката на МИА од Атина.
Прашањето e испратено од пратениците Јоргос Кумуцакос и Ники Карамеос, кои го прашуваат Министерството за надворешни работи на Грција, дали во грчките учебници постојат иредентистички наводи, на што Боларис одговара негативно.
-Грција како земја членка, меѓу другото и на ООН, на ЕУ, УНЕСКО, Советот на Европа и ОБСЕ, цврсто ги почитува принципите на неупотреба на насилство во односите меѓу државите, принципите на добрососедство , на неповредливоста на границите и на избегнување на употреба на вербална омраза во пишувањето на учебниците што се користат во Грција. Според тоа, во учебниците што се во употреба во Грција не постојат иредентизми или ревизионизми како што тие се споменати во член 9 параграф 5 од Договорот од Преспа, пишува Боларис во писмениот одговор.
Ново на Сител
-
Двајца млади пациенти од трагедијата во Кочани на рехабилитација во Клиниката за физикална медицина
-
На Oнкологија стигна терапијата која недостигаше – реализирана годишната набавка
-
Со Предлог-законот за енергетика ќе се знае колку струја потрошиле граѓаните, и точната бројка на енергетски сиромашни
-
ССМ бара итно зголемување на платите во приватниот сектор
-
344 милиони денари ќе се слеат на државните универзитети, јавните научни установи и во МАНУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Муцунски: Проширувањето да не се билатерализира
-
Инфраструктурни идеи за зелен транспорт