Блинкен: Нема чувство на замор меѓу сојузниците во НАТО кога станува збор за помош на Украина
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска дека нема „чувство на замор“ меѓу сојузниците во НАТО кога станува збор за помошта на Украина.
„Мораме и ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина“, рече тој по состанокот НАТО-Украина во Брисел, додавајќи дека сојузниците на НАТО се едногласни во оваа позиција и дека двата дома на американскиот Конгрес континуирано ја поддржуваат Украина, пренесе „Ројтерс“.
Претходно денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба го повика Западот да го зголеми производството на оружје.
Европската унија досега испорача околу 300.000 од ветените милион артилериски гранати, рече тој.
„Треба да создадеме заедничка евроатлантска област на одбранбена индустрија“, рече Кулеба пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, додавајќи дека тоа ќе ја обезбеди и безбедноста на Украина и на самите земји на НАТО.
Ново на Сител
-
На 19 ноември судењето за пожарот во Кочани, родители на загинатите очекуваат фер процес и одговорност
-
Уште два дена кампања, утре на полноќ почнува предизборниот молк
-
Шукова најавува развивање на градот северно од реката Вардар, изградба на булевари и враќање на пешачките зони
-
Ѓорѓиевски очекува победа уште во првиот круг од изборите
-
Кратово домаќин на меѓународен научен симпозиум и етно филм фестивал
-
Кадарот и возилата болна точка за пожарникарите
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартуваше интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“