Блинкен: Нема чувство на замор меѓу сојузниците во НАТО кога станува збор за помош на Украина
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска дека нема „чувство на замор“ меѓу сојузниците во НАТО кога станува збор за помошта на Украина.
„Мораме и ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина“, рече тој по состанокот НАТО-Украина во Брисел, додавајќи дека сојузниците на НАТО се едногласни во оваа позиција и дека двата дома на американскиот Конгрес континуирано ја поддржуваат Украина, пренесе „Ројтерс“.
Претходно денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба го повика Западот да го зголеми производството на оружје.
Европската унија досега испорача околу 300.000 од ветените милион артилериски гранати, рече тој.
„Треба да создадеме заедничка евроатлантска област на одбранбена индустрија“, рече Кулеба пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, додавајќи дека тоа ќе ја обезбеди и безбедноста на Украина и на самите земји на НАТО.
Ново на Сител
-
Босанец платил патарина со фалсификувана банкнота од 10 евра
-
Сиљановска-Давкова: Вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцето
-
Андоновски: За три до шест месеци Центар за дигитални услуги во Прилеп
-
Следниот викенд завршува летното сметање на времето, на 26 октомври почнува зимското
-
ДИК разгледуваше приговори за лично избирачко право и за гласање во домашни услови, нема се гласа во затворениот старски дом „Арија“
-
Трамп можеби ќе им ги одземе на американските градови натпреварите од СП 2026 година поради проблеми со криминалот
-
Кривична пријава за лице од Велешта за нелегално изградена куќа во близина на далновод
-
Лекар нападнат во тетовската болница