Свет
15. October 2025 - 12:36

Трамп можеби ќе им ги одземе на американските градови натпреварите од СП 2026 година поради проблеми со криминалот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека размислува да им го одземе правото на некои американски градови да бидат домаќини на натпревари за Светското првенство во 2026 година.

Американскиот лидер ги наведе проблемите со криминалот во Бостон како пример.

– Ги сакам луѓето од Бостон. Знам дека натпреварите се распродадени, но имате лош градоначалник. Ако некој работи лошо и мислам дека условите се небезбедни, ќе го повикам Џани Инфантино, шефот на ФИФА, кој е феноменален човек, и ќе му кажам: „Ајде да го преместиме ова на друго место“. И тоа е она што тој ќе го направи“, рече Трамп во Белата куќа.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули 2026 година.