Блинкен: Нема чувство на замор меѓу сојузниците во НАТО кога станува збор за помош на Украина
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска дека нема „чувство на замор“ меѓу сојузниците во НАТО кога станува збор за помошта на Украина.
„Мораме и ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина“, рече тој по состанокот НАТО-Украина во Брисел, додавајќи дека сојузниците на НАТО се едногласни во оваа позиција и дека двата дома на американскиот Конгрес континуирано ја поддржуваат Украина, пренесе „Ројтерс“.
Претходно денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба го повика Западот да го зголеми производството на оружје.
Европската унија досега испорача околу 300.000 од ветените милион артилериски гранати, рече тој.
„Треба да создадеме заедничка евроатлантска област на одбранбена индустрија“, рече Кулеба пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, додавајќи дека тоа ќе ја обезбеди и безбедноста на Украина и на самите земји на НАТО.
Ново на Сител
-
Изборна кампања
-
Ќе се реновира железничката станица во Скопје
-
ММФ предвидува раст на македонската економија од 3,4% годинава
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателот на Словачка Петер Пелегрини во официјална посета на Македонија
-
Фон дер Лајен утре во Скопје, најавува фабрики за вештачка интелигенција во Македонија и Србија
-
Уште 4 дена предизборна кампања, Мицкоски и Филипче си разменуваат обвинувања
-
Пакет мерки за пензионерите најавува Орце Ѓорѓиевски