-->
-->
Бизнис трка на македонски компании „Business Run 2016“
-->
Штафетна трка за тимови од бизнис секторот во Македонија „Business Run 2016“ ќе се одржи на 16 октомври во Скопје.
Патеката е долга 8 километри, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав од по четири члена.
За трката можат да се пријават сите компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност во Република Македонија.
Најбрзите три тимови на „Business Run 2016“ ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, како и со вредни подароци за тимот, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција.
Целта на трката е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите, но и помеѓу вработените и нивните семејства, додека главна цел е да се покаже важноста на тимскиот дух, но и да се биде пример за своите колеги и деловни партнери.
Организатор на Business Run 2016 e здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.
Сите заинтересирани своите тимови можат да ги пријават преку електронскиот формулар на веб страницата www.prvdovrv.mk. Нема ограничување за бројот на тимови што може да ги пријави секоја компанија. аа/са/11:54
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право
-
Приватните превозници нема да возат, бараат исплата на долг од над 2 милиони евра
-
Ни волшебно стапче нема да помогне за учениците во седмо одделение да имаат нови учебници