Битолскиот градоначалник побара од Иванов повлекување на аболицијата
Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска упати писмо до претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов со кое бара повлекување на одлуката за негова аболиција.
Во соопштението до јавноста Талески нагласува дека СЈО против него води хајка и истражна постапка со политичка заднина.
- Почитуван Претседател на Република Македонија, како градоначалник на Битола работам искрено, посветено и одговорно за доброто на граѓаните. Не сакам да има сомнеж или шпекулирање за моето законито работење и затоа од вас барам аболицијата за мене да ја повлечете. Подготвен сум да ја докажам вистината за моето чесно работење, убеден дека надлежните државни институции ќе се интересираат за факти и докази, а не за тенденциозни и неаргументирани обвинувања, нагласува во своето денешно обраќање до шефот на државата и македонската јавност.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко