Битолската полиција го пронајдено исчезнатото лице од селото Кравари
Полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола и полициското одделение Велушина како и лица од селото Велушина, го пронајдоа Л.Н. (75 г.) кој беше пријавен за исчезнат.
Од СВР Битола соопштија дека лицето било пронајдено кај црквата во селото Кравари во добра здравствена состојба но изнемоштено и премрзнато, предадено е на неговите роднини и повикана е екипа од Итна медицинска помош од Битола.
Синоќа во 19:45 часот, во СВР Битола лицето О.П. (54) од село Кравари пријавило дека неговиот дедо Л. Н. (75) од село Кравари се оддалечил од домот и се упатил во непознат правец, односно истатиот го пријави за исчезнат. По добиената пријава, веднаш од страна на полициски службеници од СВР-Битола преземени се мерки и активности за негово пронаоѓање при што беа организирани патроли за пребарување на теренот во поблиската и пошироката околина на селото Кравари, битолско.
-Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, како и полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола и полициското одделение Велушина како и лица од селото, го пронајдоа лицето кај црквата во селото Кравари во добра здравствена состојба но изнемоштено и премрзнато, соопштија од СВР Битола.
Ново на Сител
-
Истрагата за Димитровска е силен удар за угледот на Антикорупциска, велат познавачите
-
Tема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Меѓународна конференција на Алкалоид за меѓународниот патент - „Омепразол“ во течна форма
-
Претседателката на Антикорупциска не доаѓа на работа
-
Вооружена престрелка на Бит Пазар - едно лице тешко повредено
-
Филипче не е изненаден од превирањата во Вреди и Владата
-
Средба Муцунски – Ибрахимовиќ : Успехот на било која земја од регионот е добра вест за сите
-
Подготовките за локалните избори во полн ек