Македонија
21. February 2022 - 15:18

Битола: Дедо го убил поранешниот зет кој со нож и се заканувал на поранешната сопруга

62 годишен битолчанец утрово со пиштол го уби својот поранешен зет, откако тој насила влегол во неговиот дом во Битола и со нож и се заканувал на бившата сопруга.

Полицијата соопшти дека 44 годишниот маж почина на местото на настанот, во претсобјето од куќата на осомничениот, веднаш откако беше застрелан.

Настанот се случи околу 6 часот утрово, а по оваа семејна расправија беше повикана итна помош која констатираше смрт кај 44 годишниот битолчанец.

Полициска екипа и јавен обвинител извршија увид во семејната куќа на таткото на поранешната сопруга на убиениот, каде што се случи убиството, а осомничениот е лишен од слобода.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.