-->
-->
Билансот на загинатите во земјотресот во Авганистан достигна 311 лица
-->
Билансот на загинатите во вчерашниот силен земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала, кој го погоди североисточниот дел на Авганистан, а беше силно почувствуван и во Пакистан, Индија и Таџикистан достигна 311 лица.
Локалните власти соопштија денеска дека спасувачките екипи се обидуваат да дојдат до зафрлените области во Пакистан и Авганистан.
Според официјалните податоци 237 лица загинале во Пакистан, а 74 во Авганистан.
Во Пакистан се повредени над 1.800 лица, а во Авганистан 266.
Властите очекуваат дека бројот на жртвите и натаму ќе се зголемува со оглед на тоа дека е потребно време да се стигне до зафрлените области.
Епицентарот на земјотресот е забележан на 250 километри од Кабул, на длабочина од 213,5 километри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“
-
Владата ја запира постапката за разрешување на државниот обвинител
-
И угостителски и државни објекти за време на мораториумот ќе треба да отстранат неправилности
-
479 градежни фирми остануваат без лиценцата од министерство за транспорт
-
Мицкоски им врати на ДУИ - наместо сочувство ја политизираат трагедијата
-
Собранието ги откажа сите активности и оваа недела
-
Европски земји понудиле помош за подолготрајна рехабилитација на потешко повредените