Македонија
11. November 2022 - 19:36

Бил вработен во ЈП а заминал да работи во Хрватска, прилепчанец доби кривична

Едно лице од Прилеп заработи кривична пријава затоа што постои основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

М.А. (46) од Прилеп бил управител на правен субјект во Прилеп, при што ги повредил одредбите од Законот за работни односи откако склучил договор за работа во Хрватска од 01.09.2022, а не го прекинал работниот однос во јавно претпријатие од Прилеп.

Лицето доби кривична пријава.