БиХ: Пронајдени две мртви тела во пекара
Во пекара во Завидовиќи синоќа биле пронајдени две тела на маж и жена, пишува босански Аваз.
„Во 21 часот и 17 минути полицијата во Завидовиќи добила пријава дека во улица „Златних љиљана“ било употребено огнено оружје. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот пронашла две безживотни тела на жена и маж“, потврдил Елведин Фишек, портпарол на полицијата во Зеничко-Добојскиот кантон.
Голем број полициски службеници по добиена пријава излегле на терен. Тие ги испрашуваат сведоците и се обидуваат да ги утврдат сите околности на настанот.
Пред пекарата има автомобил мерцедес со подигната хауба, но не се знае дали ова возило е поврзано со несреќата. Аваз неофицијално дознава дека мажот со иницијалите М.Х. со ловечка пушка ја убил работничката во пекарата А.Д..
Ново на Сител
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?
-
Протест на Независниот синдикат на полицијата
-
Муцунски во Шведска
-
Алергиите и стомачен вирус ги полнат амбулантите во Клиниката „Козле“