Бесплатни дерматовенеролошки услуги за лица со попреченост
Во рамки на Деновите на сексуално и репродуктивно здравје и лица со попреченост, денеска во Младинскиот центар „Сакам да знам“- Водно ќе има бесплатни дерматовенеролошки услуги и советувања за момчиња и мажи со попреченост.
Деновите траат од 19 октомври до 10 ноември и имаат за цел да ги актуелизираат прашањата за правата на сексуално и репродуктивно здравје на лицата со попреченост меѓу пошироката јавност и да ги охрабрат лицата со попреченост да зборуваат за своите искуства и да ги (по)бараат своите сексуални и репродуктивни права.
Организатор е Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА. Предвидени се и бесплатни гинеколошки прегледи за девојки и жени со попреченост, работилница за приватност, развојни фази и процес на растење и осамостојување, проекција на филмот „Сесии“ (The Sessions) и јавна трибина за сексуално и репродуктивно здравје.
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ