Македонија
24. October 2017 - 8:55

Бесплатни дерматовенеролошки услуги за лица со попреченост

Во рамки на Деновите на сексуално и репродуктивно здравје и лица со попреченост, денеска во Младинскиот центар „Сакам да знам“- Водно ќе има бесплатни дерматовенеролошки услуги и советувања за момчиња и мажи со попреченост. 

Деновите траат од 19 октомври до 10 ноември и имаат за цел да ги актуелизираат прашањата за правата на сексуално и репродуктивно здравје на лицата со попреченост меѓу пошироката јавност и да ги охрабрат лицата со попреченост да зборуваат за своите искуства и да ги (по)бараат своите сексуални и репродуктивни права. 

Организатор е Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА. Предвидени се и бесплатни гинеколошки прегледи за девојки и жени со попреченост, работилница за приватност, развојни фази и процес на растење и осамостојување, проекција на филмот „Сесии“ (The Sessions) и јавна трибина за сексуално и репродуктивно здравје.