Македонија
3. October 2024 - 12:18

Tаравари: Ја испитуваме смртта на родилката во Куманово

Формирана е комисија која што ќе ја испитува смртта на родилката која почина на породување во Куманово. Министерот за здравство денеска рече дека не сака да шпекулира пред да ги добие резултатите од комисијата за да може да се носи заклучок, дали во овој случај станува збор за лекарска грешка. Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вчера извршил вонреден инспекциски надзор во кумановската општа болница за случајот со починатата родилка.

Таа на 27 септември се пријавила на породување но починала во болница. Нејзиното бебе е во тешка состојба