Балкан
3. October 2024 - 16:32

Дали Балканот е под ризик од немирите на Блискиот Исток?

Конфликтот меѓу Иран и Израел кој ескалираше минативе денови, не би требало да има последици за Балканот, смета американскиот полковник во пензија Џон Капело. Можни се мигрантски кризи низ Европа, но луѓе се иселуваат и од Израел, бидејќи Израел прави се што може да ја заштити националната безбедност.

Домашните експерти пак сметаат дека сепак конфликтите на Блискиот исток ќе имаат последици и во нашиот регион. Можноста за терористички напади не е исклучена, но сепак Македонија за сега не е во ризик, а претседателката Силјановска Давкова постојано разменува информации со НАТО и партнерите, па ќе оцени дали да го свика Националниот совет за безбедност.

Македонија е важна за регионалната безбедност и работи на модернизација на армијата согласно стандардите на НАТО, оцени претставникот од балканската безбедносна мрежа.

Денеска се одржа втората конференција на Балканската безбедносна мрежа експерти од САД, ЕУ, регионот и Македонија дискутираа за пролиферацијата на напредното конвенционално оружје како и регионалната и меѓународната безбедност и соработка.