Бесна толпа ја нападна Тереза Меј поради загинатите во лондонскиот пожар
Британската премиерка Тереза Меј беше избркана од катедралата Сент Клементс каде што се одржуваше миса за настраданите во катастрофалниот пожар во лондонската кула Гренфел.
Насобраната толпа кога го забележа нејзиното службено возило веднаш започна да трча кон премиерката, по што полицајците беа приморани да реагираат и да формираат барикада.
Околу 70 бесни луѓе тргнаа кон премиерката, а некои се доближија доволно за да удираат по нејзиниот службен автомобил. Премиерката Тереза Меј била во катедралата околу 40 минути, а кога започнала меѓу луѓето да се шири информацијата дека таа е таму, се поголем број на луѓе започнале да се собираат на местото.
Да потсетиме, во големиот пожар кој што изби поради дефект на фрижидер во еден од становите во кулата Гренфел во Лондон, загинаа околу 30 лица, а голем број се повредени и се во критична состојба.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Економијата напредува
-
Меџити: Преговараме со пратеници од Европскиот фронт
-
Австриската министерка за надворешни работи во посета на Македонија
-
Сајбербезбедноста клучна за енергетиката
-
УГД Штип домаќин на студентски конгрес по медицина
-
Преглед на вестите од светот
-
Наумовски: Нејасно е како Брисел нема план б за Македонија, како за Украина и покрај отстапките
-
Тема на денот со Зоран Јовановски, економски аналитичар