Преговори Русија-Украина, без Путин и Зеленски
Путин не е дел од руската делегација која е во Истанбул на мировни преговори со претставници на Украина. Шефот на Кремљ, кој го даде предлогот за денешните разговори за крај на војната, одби да ја прифати поканата на украинскиот претседател Зеленски за средба на највисоко ниво. Во Истанбул ги испрати својот помошник Владимир Медински, замениците министри за надворшени работи и за одбрана , и директорот на воената разузнавачка служба. Критики за составот на рускиот тим стигнаа од Зеленски, кој исто така е во Турција, но во главниот град Анкара на разговори со претседателот Ердоган. Го опиша како декоративен.
- Според она што го гледаме, повеќе изгледа дека е на украсно ниво. „Треба да разбереме на какво ниво е руската делегација, каков мандат имаат и дали можат да носат какви било одлуки. Затоа што сите знаеме кој носи одлуки во Русија, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
- Руските делегации пристигнаа во Истанбул и се подготвени за сериозна работа. Како што нагласи рускиот претседател, идејата за овие разговори е, цитирам, да се елиминираат основните причини за конфликтот и да се постигне долгорочен траен мир за историска перспектива, изјави Марија Закарова, мнр на Русија.
Во украинската делегација се министерот за надворешни работи, шефовите на војската и разузнавањето, како и високи функционери од кабинет на претседателот. Според најавите, руско укрианските преговори треба да почнат доцна попладне . На состанокот ке биде присустен и тим од Соединетите држави, предводен од Марко Рубио.
- Претседателот на Соединетите Држави беше многу јасен дека сака војната да заврши. Тој е отворен за речиси секој механизам што нè води до праведен, траен и траен мир. Ќе го кажам ова и ќе го повторам, дека нема воено решение за руско-украинскиот конфликт. Оваа војна ќе заврши не преку воено решение, туку преку дипломатско, истакна Марко Рубио, државен секретар на САД.
Разговорите во Истанбул, први од 2022 година тема на неформалниот состанок на НАТО, кој се одржува во труската провинција Анталија.
Украина е подготвена да се обрзе на прекин на огнот и итни преговори. Топкаат сега е дворот на Русија,изјави Марк Руте, генерален секратер на НАТО
- Сега по три години огромно страдање, конечно има прозорец на можности. Разговорите во Истанбул се надеваме дека може да отворат ново поглавје. Нашиот денешен состанок ќе биде важен повод да разговараме за тоа како можеме индивидуално и колективно да го поддржиме овој процес изјави Хакан Фидан, минситер за надворшени работи на Турција.
Последните директни разговори помегу Киев и Москва се оддржаа во пролетта 2022 година, кратко по почетокот на војната , но завршија неуспешно.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар