Бесими: Низ инклузивен процес ќе се носат одлуки за подобар и поефикасен даночен систем
Министерот за финансии Фатмир Бесими одржа повеќе состаноци со претседателите на стопанските комори на коишто се дискутираше за даночната реформа и за акцискиот план за годинава во однос на Стратегијата за реформа на даночниот систем за периодот 2021-2025 година.
На состаноците, министерот Бесими ја истакнал важноста од партнерството на Владата со приватниот сектор и порачал дека покрај преземените мерки, важна е конзистентноста и инклузивниот процес со засегнатите страни при носењето на одлуките.
– Реформите на даночниот систем се во насока на воспоставување современ, транспарентен, ефикасен даночен систем што се заснова на јасни правила и принципи и ќе се темели на современи дигитални технологиии и иновации во оданочувањето, во функција на постигнување забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, нагласил Бесими, потенцирајќи дека даночниот календар ќе се објави на интернет-страницата на Министерството за финансии во понеделник, со што ќе се реализира едно од главните барања на коморите.
На состанокот се разговарало и за приоритетите на Стратегијата за реформа на даночниот систем кои се во насока на поголема праведност во одданочувањето, поголема ефикасност и ефективност на даночниот систем за подобра наплата на приходите, намалување на неформалната економија, поголема даночна транспарентност, подобар квалитет на услугите и воведување еколошко (зелено) оданочување.
На средбите присуствувале претседателите на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и на Комората на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, потоа на Советот на странски инвеститори Штефан Петер, на Асоцијацијата на компании со технолошко напредно производство, Виктор Мизо, на МАТТО, Ајдован Адемоски, на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс, на МАСИТ Анета Антова Пешева – на МАСИТ, на Асоцијацијата за е-трговија Нина Ангеловска – на Асоцијацијата за е-трговија и потпретседателот на Сојузот на стопански комори Драган Митковски.
Ново на Сител
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина
-
Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија
-
Руската опозиција во Берлин ги организира првите антивоени демонстрации во странство
-
Мицкоски:Изразена волја од двете страни за доближување на ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина