Берлускони: Тајани би бил прекрасен премиер на Италија
Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани би бил прекрасен избор за шеф на следната влада на Италија, изјави поранешниот италијански премиер и лидер на конзервативците Силвио Берлускони пред парламентарните избори закажани за в недела.
Десничарскиот блок на Берлускони е фаворит на изборите, но постојат внатрешни поделби, вклучувајќи го и прашањето кој ќе стане премиер во случај на победа.
- Секој може да разбере дека Тајани би бил прекрасен кандидат, изјави Берлускони. Секој, па дури и левицата, го смета за најдобар претседател во историјата на Европскиот парламент, додаде 64-годишниот Берлускони.
Тајани има долгогодишна кариера во европските институции и репутација на политичар, кој се стреми кон компромисни решенија. Во 1994 година беше избран за европратеник. Освен тоа беше и еврокомесар за транспорт и индустрија. Во младоста тој бил монархист и станува еден од основачите на партијата на Берлускони „Напредна Италија".
Во 1994 и 1995 година, тој беше портпарол на поранешниот премиер. Тајани никогаш досега не играл важна улога во националната политика, со исклучок на неуспешниот обид да биде избран за градоначалник на Рим во 2001 година.
Десничарскиот сојузник на Берлускони, Матео Салвини од Лигата (преименуваната Северна лига), исто така, се стреми кон премиерката позиција. Тој потврди во интервју дека неговиот модел е унгарскиот авторитарен премиер и противник на имиграцијата Виктор Орбан.
- Ако Европа е Јункер (претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер), тогаш јас сум антиевропски настроен. Ако е Орбан, кој е од ЕНП (Европска народна партија), тоа е Европа, која што ми се допаѓа, изјави Салвини.
Ново на Сител
-
Средба Николоски-Караџов: Брзо да се финализира договорот за изградба на железнички тунел
-
Кочовска: До овој момент нема понуда за пругата од Коридорот 10
-
Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје, аналитичарите не очекуваат исчекор во македонските евроинтеграции
-
Филипче во Берлин ќе лобира против „современ“ македонски јазик
-
ЗНАМ до средината јули ќе ги објави кандидатите за градоначалници
-
По одлуката на Уставен, ВРЕДИ и ДУИ се судрија за пописот во 2021
-
Пазарниот инспекторат констатирал зголемување на цените во маркетите, но не биле повисоки од пред замрзнувањето
-
Сител сторија: Дивите депонии во Преспа го загрозуваат здравјето на жителите – како до решение?