-->
-->
Берлускони разочаран од играта на избраниците на Михајловиќ
-->
Силвио Берлускони сопственикот на италијанскиот калчолигаш Милан, по нерешениот резулат 1:1 во дуелот со Лацио, изјави дека е разочаран од играта на екипата која ја предводи српскиот тренер Сининиша Михајловиќ за кој на крајот од сезоната ќе се реши дали ќе остане или заминува од „Сан Сиро’’.
- Многу сум разочаран како Милан игра оваа сезона. Иако останува малку до крајот, сепак, се надевам дека ситуацијата ќе се смени. За можноста за промена на тренерот ќе решаваме по завршувањето на сезоната, изјавил Берлускони за италијанските медиуми.
Михајловиќ се најде одново на удар на навивачите, но и медиумите блиски до Милан, по ремито на „Сан Сиро“ во кое популарните „росоњери“ пропуштија повеќе можности да стигнат до победа и нови три бода, со кои ќе ги зголемеа шансите за освојување на третото место кое носи пласман во квалификациите за Лигата на шампиони следната сезона. Медиумите во милано веќе подолг периот пишуваат и за можни наследници на Србинот, а како најсериозни се споменуваат имињата на Кристијан Броки, Еузебиот Ди Франческо и Роберто Донадони.
Екипата на Милан на десет кола до крајот на шампионатот со освоени 49 бодови е на шестото место на табелата, со заостанување од шест бода зад Интер и Фиорентина кои се на позициите кои носат настап во Лигфа Европа, а дури 11 помалку од трето пласираната Рома, која е најблиску до пласман во квалификациите за Лигата на Шампиони. ИТ //
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двајца млади пациенти од трагедијата во Кочани на рехабилитација во Клиниката за физикална медицина
-
На Oнкологија стигна терапијата која недостигаше – реализирана годишната набавка
-
Со Предлог-законот за енергетика ќе се знае колку струја потрошиле граѓаните, и точната бројка на енергетски сиромашни
-
ССМ бара итно зголемување на платите во приватниот сектор
-
344 милиони денари ќе се слеат на државните универзитети, јавните научни установи и во МАНУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Муцунски: Проширувањето да не се билатерализира
-
Инфраструктурни идеи за зелен транспорт