Берлин домаќин на разговорите за Сирија

Берлин денеска ќе биде домаќин на разговорите за Сирија, во кои ќе учествуваат и пратеникот на Обединетите нации Стефан де Мистура и лидерот на сириската опозиција Ријад Хиџаб.
Разговорот ќе биде фокусиран на прашањето како да се исполнат условите за продолжување на мировните преговори во Женева, како и на намалување на насилството и подобрување на хуманитарната состојба, изјави германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.
Американскиот државен секретар Џон Кери претходно во Женева разговараше со Де Мистура, кој во понеделникот во Москва пред да замина за Берлин разговараше со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
На состанокот во Берлин ќе присуствува и францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро.
Примирјето во Сирија стапи во сила пред два месеци со посредство на Москва и Вашингтон, но околу Алепо, вториот по големина сириски град повторно се водат жестоки борби, кои се закануваат да ги загрозат преговорите.
Ново на Сител
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Апасиев ја закажа комисијата за трагедијата во Кочани, очекува присуство на Гаши, Мицкоски и Сиљановска
-

Повредените во „Пулс“ полека се враќаат во нормала
-

Moзаичната мапа пред охриѓани
-

45 евра казна за возачите без зимска опрема
-

Преглед на вестите од светот
-

Две деца од О.У „Димо Хаџи Димов“ остануваат на Детска клиника, едно е пуштено на домашно лекување
-

Георгиевски, Апостолски и Бошкова предложени за судија во Стразбур
