Бегајќи од полицијата завршил во устата на алигатор

Еден Американец наместо да и се предаде на полицијата, која го барала поради серија кражби во градчето Берфут Беј на Флорида, решил да бега, при што паднал во блиското мочуриште, каде го „пречекал“ три метри долг алигатор.
Како што јавија американските медиуми, остатоците на раскинатото тело на 22-годишниот Метју Ригин, биле пронајдени по десетденевно трагање.
- Најверојатно бегал од полицијците и кучињата кога налетал на алигоаторот. Никогаш не сме имале ваков случај, изјави претставникот на локалната полиција Тод Гудиер, наведувајќи дека и нуркачите при пребарувањето на мочуриштето ги нападнал голем агресивен алигатор.
Опасниот предатор бил успиен и извлечен од водата, по што форензичката анализа утврдила присуство на остатоци на Ригин во утробата на алигаторот.
- Бил на погрешно место во потрешно време, заклучи Гудиер.
Ново на Сител
-

ДИК: Избрани 44 градоначалници во прв круг, гласање во втор круг во 33 општини
-

3 дена до изборен молк, кандидатите ја бараат поддршката со конкретни проекти
-

Буџетот во 2026 година ќе тежи 6,7 милијарди евра
-

Меѓународен форум за енергетика
-

Академијата за обука на административните службеници ќе стартува во 2027
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведените од Комуналец и утрово во полициска станица
-

Меѓународен форум за енергија во Скопје
