Барса договори напаѓач, а потоа се откажа

Плановите за трансфер на Барселона вклучуваа наем на напаѓачот на Беижинг Гуан, Седрик Бакамбу. Една од причините за оваа одлука е сериозната повреда на Луис Суарез, кој ќе отсуствува од терените одредено време.
Конгоанецот требало да отпатува во Шпанија за да потпише договор со клубот, откако директорот на Барса, Ерик Абидал, се договорил со агентот на играчот, а управата на кинескиот клуб, исто така, се согласила на трансферот, пренесува радио „Каталонија“.
Напаѓачот сепак така и не седнал во авионот за Шпанија, бидејќи Абидал го информирал дека клубот се откажал од тоа да го привлече на „Камп Ноу“.
Самиот Бакамбу ја потврдува информацијата, дури и се пошегува на социјалната мрежа Твитер.
„Еј, Трансфермаркт, напиши во мојата историја на трансфери, речиси Барселона, ве молам. Сè што правиме е добро. Фала му на Бога за сè, ќе те видам друг пат, Антоан Гризман“, напиша играчот.
Не е јасно што го предизвикало откажувањето на каталонскиот клуб да го регрутира напаѓачот и дали коронавирусот во Кина е една од причините.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Вреди ќе има ист број места во Владата, во понеделник предлог за пополнување на празните места
-

Филипче: Владата ја кочи државата
-

Муцунски: Бараме долгорочна стратегија од НАТО и ЕУ за целосна интеграција на Западен Балкан
-

Ќе поскапи ли струјата?
-

Цената на јајцата и натаму ќе расте, најавуваат производителите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа недела ќе бидат познати имињата на министрите
-

Владата ќе носи Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025-2030
