Бајден: Американско-кинеските односи се на добар пат
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека мисли оти односите меѓу САД и Кина се на „добар пат“ и дека е постигнат напредок за време на посетата на државниот секретар Антони Блинкен на Пекинг.
-Ние сме на вистинскиот пат, им кажа Бајден на новинарите на настан поврзан со климата во Калифорнија, мислејќи на односите меѓу САД и Кина.
На прашањето дали мисли дека е постигнат напредок, тој рече: „Постигнат е“.
Бајден го пофали Блинкен за „одличната работа“.
Ова беше првата посета на американски државен секретар на Кина од 2018 година.
За време на посетата на американскиот државен секретар на Кина и разговорите со претседателот Си Џинпинг, двете страни рекоа дека е постигнат напредок, но Блинкен рече дека има некои прашања за кои двете земји длабоко не се согласуваат.
Освен прашањето за Тајван, тоа се технолошките војни, американските санкции против кинеските дигитални гиганти, трговските прашања, односот кон муслиманската заедница Ујгури и кинеските претензии за Јужното Кинеско Море.
Ново на Сител
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила
-
НАТО вежба во Бугарија
-
Во Струмица вечерва започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар