Во Струмица вечерва започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“
Започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар Ристо Шишков.Во наредните шест дена, Струмица повторно ќе биде епицентар на театарската уметност. Почетокот на фестивалот оваа година ќе го означат домаќините, театарот Антон Панов од Струмица, со изведба на претставата Синот.
Годинава, во конкуренција за единствената награда за високо актерско остварување, која го носи името на Ристо Шишков, влегуваат околу 40 актери Македонија, но и од Италија, Србија и Бугарија.
Актерските креации, како и секоја година, ќе ги оценува тричлено жири, кое според организаторите ќе има исклучително тешка задача, имајќи го предвид високиот квалитет на селектираните претстави.
Во рамки на фестивалската програма предвидени се и неколку промоции на книги, меѓу кои и книгата ,,Емотивниот танц , страсна флуидност низ сценската поетика на Зоја,, посветена на сопругата на Ристо Шишков чиј автор е неговата ќерка, Јоана Шишкова Медаровска. Фестивалот завршува на 13 ти септември.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар