Багдад ја продолжува забраната за два месеци за меѓународни летови од и до Ирачки Курдистан
Властите во Багдад ја продолжија до крајот на февруари забраната за меѓународни летови од и до Ирачки Курдистан, соопшти денеска директорката на меѓународниот аеродром во Ербил, Талар Фаик Салех.
- Министерството за транспорт и врски испрати писма до аеродромоите во Ербил и Сулејманија, во кои е наведено дека меѓународните летови ќе бидат забранети до 28 февруари 2018 година, посочи Салех, додавајќи дека се дозволени само внатрешните летови.
Како што јави МИА, воздушната блокада на аеродромите во Ербил и Сулејманија беше воведена кон крајот на септември, како одговор на одлуката на властите во Ирачки Курдистан за одржување референдум за незавиност, што беше прогласен за незаконски од страна на Багдад.
Првично беше договорено забраната да биде укината на 29 декември
Ново на Сител
-
Тема на денот: Каква е статистичката слика за локалните избори
-
Три нови уролошки процедури
-
Преглед на вестите од светот
-
Гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и оние сместени во установи за вонсемејна грижа
-
Кондарко: Исправена е печатната грешка на гласачките ливчиња во Ново Село
-
Во Прилеп гласаат 297 болно и изнемоштено лице, 63 штитеници во Домот за стари лица и 119 осудени лица во КПД Прилеп
-
Гласање на болни и изнемоштени и осуденици во затвор - Штип
-
Во понеделник интервју на кандидатите за судија во Судот во Стразбур