Живот
22. August 2016 - 16:06

Баба ги помешала педалите на кочница и гас: Покосила посетители на концерт, па се забила во бина!

Стара жена 74 години се залетала со автомобилот во група луѓе собрани на концерт на отворено во американската сојузна држава Охајо, поради тоа што ја заменила кочничата со педлата за гас, а во таа несреќа повредени се девет луѓе, од кои двајца тешко, сопштија од локалната полиција.

Инцидентот се случил во текот на концертот на бендот кој изведува песни од Френк Синатра и Дин Мартин, во склопот од летниот фестивал на концерти во Парма Хајтс, околу 15 километри јужно од Кливленд.

Полицискиот началник Стив Шаршмит неведе дека жената го напуштил концертот кога, додека го напуштала паркингот, случјно ја пртиснала педаљата за гас наместо за кочница и удрила во бината за танц, при што повредила осум лица.

Возачот тогаш, пробувајќи да ја поправи ситуацијата, удрила во телефонски столб и друг автомобил.

Шаршмит наведува дека жената била потресена кога ги покосила луѓето на бината за танц.

Шест луѓе се пренесени во болница, од кои две со течки повреди, додека три лица, вклучувајќи ја и жената која возела, примиле лекарска помош на лице место.

Сите жртви се постари од 50 години, наведува полицијата.