Австрија го продолжи карантинот за уште десет дена
Австрискиот Парламент синоќа го продолжи карантинот за уште десет дена.
Мерката за заклучување може да се усвои само на 10 дена, па затоа беше потребна нова собраниска одлука за продолжување на епидемиолошката мерка, бидејќи беше планирана за вкупно 20 дена.
Според планот на австриската Влада, карантинот за вакцинираните и излекуваните ќе заврши на 12 декември, а ќе продолжи за невакцинираните.
Пратениците од Австриската народна партија (ОВП), Зелените и Социјалдемократската партија (СПО) гласаа за продолжување на „локдаунот“.
Одлуката на австрискиот Парламент вклучува и една новина, а тоа е дека продавниците кои имаат право да работат за време на карантин, тоа можат да го сторат најдоцна до 19 часот, наместо до 21 часот како што беше досега.
Министерството за здравство го искористи усвојувањето на измените на мерките за коронавирусот, за скратување на важноста на сертификатот за вакцинација од 360 на 270 дена
Ново на Сител
-
На Клинички побрзо се заршува кај лекар отколку да се најде слободен паркинг
-
Владата најавува инвестициски циклус од 6 милијарди евра
-
За една деценија државата „загубила“ 28 000 ученици
-
Избори во Германија
-
Преглед на вестите од светот
-
Европскиот фронт ќе оди со заеднички листи
-
Се планира довршување на заградите во капмпусот на УКИМ
-
20 години агенција за радијациона сигурност