Австралискиот премиер смета дека Трамп губи време со критиките кон медиумите
Американскиот претседател Доналд Трамп си го губи времето, напаѓајќи ги медиумите за нивните критички текстови за активностите на неговата Влада, изјави австралискиот премиер Малколм Тарнбул, цитиран од британските медиуми.
Откако стапи на должноста, на 20 јануари, Трамп неколку пати медиумските критики врз него ги оцени како „лажни вести“ и медиумите ги нарече „опозициска партија“, потсетуваат американските медиуми.
Тарнбул, чиј однос со Трамп беше одбележен со исклучително тешка прва средба, кажа дека 45-от американски претседател треба да престане да се фокусира на медиумите.
-Многу големиот британски политичар, Винстон Черчил, некогаш имал кажано дека политичарот кој се жали од весниците е како морнар кој се жали од морето, изјави Тарнбул пред новинарите во Нов Зеланд.
Според австралискиот премиер, нема смисла критиката кон медиумите затоа што „тие се дел од животот и ние преку нив треба да ги протуркуваме нашите пораки"
Ново на Сител
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност
-
Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење
-
Змија на тераса во Карпош | ФОТО
-
Честитка од министерот за јавна администрација по повод Меѓународниот ден на трудот