-->
-->
Авион на „Делта ерлајнс“ итно приземјен поради проблеми со притисокот
-->
Патници на американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“ (Delta Air Lines) доживеаја проблем со притисокот на лет од Солт Лејк Сити до Портланд, САД. Неколкумина имале крвавење од ушите и носот.
„Искрено им се извинуваме на корисниците за нивното искуство со летот 1203 на 15 септември. По итното слетување во Солт Лејк Сити, патниците се сместени во друг авион.
Техничарите на „Делта“ го решија проблемот со притисокот во авионот, а следниот ден авионот повторно почна да лета“, соопшти „Делта“. Според „Индипендент“, се работи за авион „Боинг 737-900“.
Немало случаи со сериозни повреди, но медицинскиот персонал им укажал помош на 10 лица. Федералната управа за авијација соопшти дека ќе го истражи овој настан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица