-->
-->
Атлетичарот Дарио Ивановски со нов македонски рекорд на 3.000 метри во сала
-->
Македонскиот репрезнтативец атлетичар Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд на патеката од 3.000 метри во сала. На Балканскиот шампионат што се одржува во Истанбул, македонскиот репрезентативец Ивановски истрча одлична трка во која во најголем дел беше и на водечката позиција.
Ивановски трката ја истрча за 8:14.44 минути и го подобри сопствениот и македонски рекорд кој досега изнесуваше 8:28.54 минути поставен лани.
Тој заврши на 4.место и остана без медал и доколку го освоеше успехот ќе беше комплетен.
Инаку на трката во Истанбул на 3.000 метри победи Езлан Бибиќ од Србија (8:08.34 минути), пред Адриан Горчеа од Романија и Иван Попов од Бугарија.
Дарио Ивановски за неколку дена го очекува и настапот на Светското првенство во атлетика во сала во Бирмингем каде ќе трча во трката на 1.500 метри.
Трката на Ивановски во Истанбул може да ја погледнете на следниот линк.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна