Арсовска: Не само да ја хармонизираме регулативата со ЕУ, туку и да пристапиме кон имплементација на законите што ги носиме
Суштината на она што треба да го направиме, за да бидеме поподготвени во пристапниот процес кон Европската Унија, не е само да ја хармонизираме македонската регулатива со онаа на ЕУ, туку и да пристапиме кон имплементација на овие закони што ги носиме. Ова го истакна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на прес-конференција, за време на паузата на денешната 22. седница на ЗКК, Заедничкиот консултативен комитет меѓу нашата земја и Комитетот на региони на Европската Унија.
Како копретседавач, Арсовска се осврна на неколку поенти од денешните разговори, на потребата од исполнување на критериумите кон европскиот пат, да се разговара за владеењето на правото, реформите во правосудството, како и за мерките што треба да се преземат на национално за поголемо економско јакнење и подобар живот.
Разговаравме, посочи Арсовска, и за еден од првите чекори кои треба да ги направиме за да стигне во првата фаза на преговори, а тоа е поглавјето што се однесува на човековите права и правата на малцинствата.
- Дискусијата беше во насока на тоа, дека доколку имаме економски силна држава, сите ќе знаат, умеат и ќе работат заедно, за да можеме да ја градиме Македонија, да биде токму онаква, каква што сакаме да биде, а не да се фокусираме на овој радикален национализам, кој што се промовира од политичките чинители, практично од еден на друг изборен циклус, изјави Арсовска.
Запрашана за коментар што ниту еден од нејзините колеги не е присутен, Арсовска кажа дека дел од градоначалниците беа присутни во првиот дел од настанот.
Јасна Габриќ, член на Собрание на општина Трбовље, рече дека можеби луѓето тука се изморени, но, според неа, на добар пат сме кон Европската Унија.
Меѓу другото, таа рече дека потребно е не само Скопје да се развива, туку целата држава.
- Ја сакам земјава и ѝ посакувам се најдобро, подвлече Габриќ.
Таа се осврна на искуството кога Словенија влегла во Европската Унија во 2004 година.
Јошко Клисовиќ, член на Комитет на региони и претседавач на Собрание на Загреб, поранешен заменик министер и советник за надворешни работи на претседателот на Хрватска, зборуваше за тоа што се сменило во таа држава по нејзиниот влез во Унијата.
Ново на Сител
-
Утре без струја дел од Аеродром и Карпош, без вода дел од општините Центар и Кисела Вода
-
Трамп се закани со дополнителни царини за Кина ако таа не ги повлече најавените возвратни мерки против САД
-
Прва психолошка помош со Васка Митова, специјалист психијатар од клиниката за психијатрија
-
Ѓорчевски: Во моментот кога го одземаа животот на Вања, го одземаа и мојот
-
Кривична за скопјанец кој го тепал својот син и сакал да го исфрли од нивниот дом
-
Две лица од кривопаланечко го убиле својот сосед, го запалиле телото и ги закопале остатоците
-
Од 3,5 на 2 години намалена казната затвор за Пајазити за прегазувањето на 22-годишната Теодора
-
Таткото на Вања: Полицајци ме правеа ретардиран, ме убедуваа се регрутирала во ИСИС заминала за Шведска