Армијата одбележува 30-годишен јубилеј
Под мотото „30 години безбедност, стабилност, доверба“ в среда, на 17 август, Армијата на Република Македонија ќе го одбележи 30-годишниот јубилеј.
Манифестацијата по повод јубилејот ќе се одржи на Воениот стадион со почеток во 18:30 часот. На настанот кој ќе биде целовечерен, посетителите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со дел од најновата воена опрема и со новите оклопни возила на Армијата, ќе бидат сведоци на вештините на специјалните сили, а ќе биде изведена и показна вежба со армиските кучиња.
По презентацијата на воената опрема и воените вештини, ќе биде организиран и богат музички дел на кој ќе настапат Воениот оркестар, како и поголем број изведувачи како: Кики (Дајте музика), Пере (Нокаут), Дац и Александар, Last Expedition, DJ Babura Jr. и Еурека танцовото студио.
-Ги повикуваме граѓаните да присуствуваат на овој уникатен настан и сите заедно да го прославиме Денот на Армијата и 30-годишниот јубилеј, наведува Министерството за одбрана во соопштението по повод јубилејот.
Ново на Сител
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат