СДСМ: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ закана за граѓаните

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ со справување со последиците од снежните врнежи прераснува во закана за безбедноста на граѓаните.
Снегот предизвика вистински хаос во сообраќајот, не само во населените места, туку и на регионалните патишта и на автопатите.
Автопатот „Пријателство“, кај селото Миравци е заледен.
Автопатот кон Грција е заледен, и покрај тоа што оваа зима, само досега, државните институции потрошиле 219 милиони денари (3.569.106 евра) за сол и ризла.
Најголеми се тендерите на Јавното претпријатие за одржување на патишта „Македонија пат“, кое засега има склучено три двегодишни договори во вредност од по 1,3 милиони евра годишно за сол и ризла.
Но, поради неспособноста на надлежните сообраќајот се одвива отежнато и се зголемува опасноста од незгоди.
Пред само неколку дена бројни граѓани со часови беа заглавени во километарски колони во Маврово. Хаос се случи и на патот Тетово – Попова Шапка, каде што патиштата останаа целосно неисчистени. Дополнително, патот до Галичник беше непрооден повеќе од еден месец, оставајќи ги жителите на ова населено место во целосна изолација.
Владата на ДПМНЕ и Мицкоски потфрли и со снегот, доведувајќи ги граѓаните во сериозен ризик.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

Лука Кипровски, Нелсон Узеир и Стефан Михајловски со победи на Светското првенство во кик бокс
-

Иран јавно погуби маж осуден за силување
-

Најстудено во Берово, најтопло во Виница
-

Украински власти: Двајца убиени, шестмина повредени во руските напади врз Киев
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Мицкоски ќе додели решенија за самовработување како дел од Оперативниот план за вработување
-

Извештај на ОН: Еден фемицид на секои 10 минути во светот
-

Зеленски: Со претседателот Трамп ќе бидат разгледани најчувствителните прашања од мировниот план
