Македонија
12. January 2025 - 16:27

Панихида за Мара Бунева во Скопје

Природен процес е Бугарите да бидат внесени во македонксиот устав. Ваква порака испратија присутните на одбележеувањето на годишнината од смртта на Мара Бунева во центарот на Скопје. Велат биле македонски бугари и очекуваат наскоро да станат државотворен народ.

Со опело во црквата Св. Димитрија стартуваше одбележувањето на 97 годишнината од смртта на Мара Бунева. 

Малкумината присутни пеш се упатија кон спомен плочата на Бунева на кејот на реката Вардар. По целата траса на движење, поворката ја обезбедуваше полицијата.

Пред спомен плочата немаше говор. Присутните положија свежо цвеќе, а настанот го овековечија со групна фотографија. Сликата на Мара Бунева кратко стоеше кај спомен плочата. Закана за неа бил снегот.

„Со години ја чуваме, да не се упропасти сега“.

Останатите не сакаа да зборуваат пред телевизиските камери. Велат можеби ќе имале проблем да се вратат во Бугарија.

За неполни десетина минути, сите заминаа од кејот на Вардар.

За одбележувањето на годишнината од смртта на Мара Бунева, повикуваше Претседателот на Фондацијата Македонија, Виктор Стојанов. Тој подолг период има забрана за влез во земјавата. Тој на Фејсбук објави дека се одржала панихида. Се заблагодари на полицијата која го обезбедувала настанот, а за малиот број на луѓе рече ги спречил снегот. Тврди дека имало и закани да се попречи настанот.

„Синоќа на социјалните мрежи имаше закани од скриени профили од разни фејсбук групи да бидат провоцирани бугарите кои ќе излезат да се поклонат на Мара Бунева. Да биде пробиено чествувањето и затоа изразувам благодарност до МВР на Северна Македонија кои обезбедија мир на денешното чествување“, изјави Виктор Стојанов.  

Според видеата кои ги објави, одбележување имало и во Прилеп, но не и во Тетово и Струмица како што најави претходно Стојанов.