Арифи: Продолжуваат проектите во Липково
Продолжуваат проектите за подобрување на квалитетот на живот на жителите на Липково, информираа денеска надлежните. Дел од проектите како што се
– Во моментов работиме на два проекти со програмата ТАВ, се работи за регулација на речното корито во село Отља, другиот е за изградба на секундарна мрежа во село Лојане, за вода за пиење. Исто така се работи на водоснабдувањето во селата Слупчане, Оризаре, Никуштак и Матејче и полека овој главен, капитален проект да го ставиме во функција, изјави градоначалникот на Липково, Еркан Арифи.
Во моментот се работи на утврдување на проекти за 2022 година пред донесување на буџетот за идната година. Арифи додаде дека се спроведуваат форум групи и се прибираат идеите, предлозите на жителите за реализација на проекти кои ќе се спроведат наредната година. Вклучени се месни заедници, жители на сите населени места.
Ново на Сител
-

47те дојави за бомби во училиштата се лажни, од 2022та до денес има вкупно 1314 дојави за лажни бомби во Mакедонија
-

Каква сезона на грип не очекува?
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО Скопје и МВР поднесоа кривична пријава за екс директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство
-

Критична состојбата на текстилните работнички кои возрасни остануват без работа
-

Преглед на вестите од светот
-

Директорот на Комунална си поднесе оставка, тој и реководителот за отпад добија 30 дневен притвор
-

Предизборни активности на ВМРО-ДПМНЕ пред вториот круг избори
