Архиепископот г.г. Стефан испрати писмо на сострадалност и поткрепа до вселенскиот патријарх Вартоломеј
Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот г. г. Стефан упати писмо на сострадалност и поткрепа до веселенскиот патријарј Вартоломеј поради промената на статусот на храмот Света Софија во Истанбул.
-Споделувајќи ја загриженоста на сиот христијански свет со решението за промена на статусот на храмот посветен на Премудроста Божја – Света Софија, најпрекрасниот украс во христијанската архитектура, изграден од ктиторот – богољубивиот и свет цар Јустинијан, роден на македонските простори, во денешен Таор, Скопско, поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот г. г. Стефан, од името на полнотата на нашата Помесна Црква, испрати писмо на сострадалност и поткрепа до Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх, г. г. Вартоломеј, соопшти денеска Кабинетот на архиепископот г.г. Стефан.
Како што стои во соопштението, меѓу другото, во писмото неговото блаженство „со длабока огорченост, силна нажаленост и голема вознемиреност истакна дека ваквиот чин потсетува на некои други времиња коишто современиот свет и култура со право ги сметаше, а и треба да ги смета, за темно минато“.
Истовремено, во писмото понатаму се вели: „Би сакале да ја посведочиме сострадалноста и поткрепата на целиот православен народ од нашата диецеза со Цариградскиот престол и Вселенската црква, и со Вашата богољубива, човекољубива и, со ревност и голема трпеливост, богомдарувана личност“. – На крајот, архиепископот изрази надеж дека силните реакции на институции и поединци низ светот, сепак ќе резултираат со измена на оваа антицивилизациска постапка, стои во соопштението.
Турскиот државен совет (висок административен суд) на 10. месецов ја поништи одлуката на Советот на министри од 24 ноември 1934 година за пренамена на Света Софија од џамија во музеј.
Ново на Сител
-
Димитриеска Кочоска: Темата со пратеничката Петровска е завршена за мене, се фокусирам на својата работа
-
НБА: Едвардс пред суспензија поради 16 техничка грешка сезонава
-
Кејти Пери оди во Вселената
-
Ватикан: Папата Франциск продолжува со лекувањето, неговата здравствена состојба се подобрува
-
26 годишна девојка пријавена за исчезната, пратила порака дека е во Србија
-
Сериозни инциденти во центарот на Атина по протестот за железничката несреќа
-
Шпанскиот амбасадор за Мицкоски: Пример за едноставност, чекаше ред на аеродром како сите други
-
Мицкоски: Македонија го достигна историски највисокото ниво на странски директни инвестиции