-->
-->
Арачиновец се судрил со полициска кола, потоа се расправал со полицајците па избегал од местото на несреќата
-->
На 01.05.2023 во 19.30 часот во близина кај с.Бродец, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „дачиа дастер“, сопственост на МВР и патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(32) од с.Арачиново, скопско.
Веднаш потоа возачот на возилото „тигуан“ излегол од возилото и агресивно се однесувал кон полициските службеници, по што го напуштил местото.
По преземени мерки возилото било запрено на ул.„Радишанска“ во Скопје. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница
-
Училиштата ќе се финансираат според реалниот трошок за образование на еден ученик
-
Нелојалната конкуренција и нерегулираниот работен статус проблеми за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
122 години Илинденско востание