Антитела на коронавирус присутни кај пациенти четири месеци по оздравувањето
Нивото на антитела на новиот коронавирус останало стабилно четири месеци кај повеќе од 90 отсто од пациентите на Исланд кои оздравеле од Ковид-19, а некаде и се зголемило, посочува ново истражување.
Претходните испитувања покажаа дека нивото на антитела значително опаѓа за само неколку месеци по закрепнувањето од коронавирусот. Тоа пак, го покрена прашањето за времетраењето на стекнатиот имунитет. Извршниот директор на „Декод генетикс“, Кари Стефансон, кој раководеше со истражувањето смета дека новите откритија може да придонесат за поголема ефикасност и издржливост на вакцините, како и за нови сознанија околу повторното заболување.
Од заразените луѓе на Исланд, 56 отсто имале дијагноза потврдена со стандарден лабораториски ПЦР-тест. Кај 14 отсто, болеста не била официјално дијагностицирана, но тие биле ставени во карантин по изложувањето на вирусот. Во преостанатите 30 насто, анализата на антитела покажала дека биле заразени.
Според податоците, кај 91 отсто од 1.215 лица чија инфекција била потврдена со ПЦР, нивото на антитела се зголемило во текот на првите два месеци по дијагностицирањето и потоа достигнало највисока точка, која и се задржала.
Сепак, се предупредува дека сѐ уште не е јасно дали и колку антителата ги штитат закрепнатите пациенти од нова зараза.
Ново на Сител
-
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче
-
Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
-
Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити
-
Бошњаците бараат кривично да се казнува негацијата на геноцидот во Сребреница
-
Реакција по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ