Ангелов го посети командирот на ТППЕ-Штип кој при гаснење на пожар ги скрши двете раце

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов попладнево го посети командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов, кој синоќа при гаснење на пожарот на старата штипска депонија меѓу населбите Пребег и Мерите се здобил со скршеници на двете раце.
Ренџов вели дека по завршување на гаснењето на пожарот на планината Серта добиле дојава за пожар на старата депонија.
-Во еден период кога се расчисти чадот, видов дека е запалена сува трева и огнот оди кон борвата шума и за да не ја зафати пробав да се симнам низ долот, кој е со карпи и стрмен дел. Во еден момент со левата нога пропаднав во дупка и изгубив контрола, по што почнав да паѓам. При паѓањето наидов на карпа, вели Ренџов.
Тој појаснува дека за да не удри во карпата со главата, инстиктивно ги ставил двете раце на главата и кога удрил почуствувал силна болка. На Ренџов веднаш му помогнале колегите, по што бил транспортиран во штипската Клиничка болница.
Директорот на ЦУК, Ангелов вели дека командирот на ТППЕ-Штип, Ренџов е херој, бидејќи заедно со неговите колеги не дозволиле огнот да се прошире кон боровата шума, но и бачилото со 250 овци. Во гаснењето на пожарите повреден и е пожарникарот Александар Маролов од ТППЕ-Штип, а кој е со скршеница на левата рака.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ ја „освои“ Атина и 101.турнир во својата кариера
-

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката
-

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември
-

Договор Унгарија-САД: Изземање од санкции за руски енергенси, Будимпешта купува американски ЛНГ
-

Протест во Тузла, се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички
-

Ѓорѓиевски: Се чисти кејот на Вардар, се поставуваат украсни канделабри на плоштадот „Македонија“
-

ЕУ ги осуди израелските напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето со Хезболах
-

Руте: Нуклеарните вежби покажаа дека НАТО има силни сили за одвраќање
