Македонија
17. July 2023 - 8:28

АМСМ: На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 40 минути

Поради зголемена фреквенција на возила, на граничните премини „Табановце“ за влез во државата и на „Богородица“ за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути, соопшти АМСМ.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.