Американски конвој нападнат на границата меѓу Ирак и Кувајт
Конвој кој пренесувал опрема за американски единици бил цел на експлозија што се случила во близина на граничниот премин меѓу Ирак и Кувајт околу 21 часот по локално време.
Првично не било јасно дали во конвојот имало американски војници и дали има повредени во експлозијата, додека ирачката страна негира дека се случил инцидентот.
Безбедносен извор претходно соопшти дека експлозијата ја предизвикала ирачката шиитска муслиманска милиција, чија цел била американската воена база во близина на преминот, и дека неколкумина вработени во таа база биле повредени.
Тоа подоцна било демантирано од други безбедносни извори кои рекле дека бил нападнат конвој, а не база.
Малку познатата ирачка шиитска милициска група по име Ашаб ал Кахф ја презеде одговорноста за нападот и објави видео со кое се гледа експлозијата во далечината.
Ново на Сител
-
Мециновиќ со фокус на решавање на јавниот транспорт и загадувањето на Скопје
-
Во тек пријавувањето за вакцинација против сезонски грип
-
Најмасовна крводарителска акција досега организирана во Струмица
-
Од вкупно 12 останати се само 3 кондураџиски дуќани во Охрид
-
Израел и Хамас постигнаа мировен договор
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош
-
Предизборен карван на СДСМ во Долнени, Кривогаштани и Прилеп
-
Касами со ветувања за нови училишта, Османи за инфраструктура