Амбасадорката Ефремова му ги предаде акредитивните писма на Папата Франческо
Именуваниот амбасадор на Република Македонија, Марија Ефремова денеска му ги предаде на Неговата Светост, Папата Франческо акредитивните писма со кои се назначува за вонреден и ополномоштен амбасадор при Светата Столица, со седиште во Ватикан.
По церемонијата на пречек и свеченото поздравување со Папата Франческо и неговите најблиски соработници, амбасадорка Ефремова ги предаде акредитивните писма и ги пренесе поздравите од претседателот Стево Пендаровски и од претставниците на државниот врв. Потоа следеше вообичаената размена на подароци, а веднаш потоа и приватна аудиенција на амбасадор Ефремова со Папата Франческо, каде беа дискутирани актуелните теми во билатералните односи, случувањата во регионот и други актуелни прашања.
Согласно ватиканскиот протокол, амбасадор Ефремова, на свечената церемонија во апостолската палата во Ватикан беше придружувана од семејството, сопругот д-р Димитар Ефремов и синот д-р Кристиан Ефремов, како и од вработените во амбасадата, првиот секретар Александар Спирковски и асистент Тамара Кавракова.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница