Албанија: Во последните три години над 60 странски државјани, меѓу нив и дипломати, прогласени за „персони нон грата“
Албанските власти во последните три години прогласиле повеќе од 60 странски државјани, меѓу нив и дипломати, за „персони нон грата“.
Според податоците на Министерството за Европа и надворешни работи, произлегува дека најмалку седум од нив биле членови на странски амбасади, од кои повеќето од Иран.
Последно, за непожелна личност, во четвртокот, беше прогласен рускиот дипломат, Алексиј Кривошеев, кому му беше даден рок да ја напушти земјата за 72 часа. Во официјалното соопштение на Министертвото беше наведено дека „рускиот дипломат ги прекршил анти-ковид мерките“.
– Кривошеев бил заразен со коронавирус и во повеќе случаи не го почитувал задолжителниот карантин. Кривошеев ја извршуваше функцијата втор секретар во руската амбасада во Тирана, додека претходно истата позиција ја имаше и во Руската амбасада во Скопје, наведува А2 телевизија.
Додава дека заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко, во реакцијата го нарекува протерувањето на рускиот дипломат „провокација на штета на руско-албанските односи“ и предупредува на „одговор на овој непријателски чекор“.
Кривошеев не е единствениот дипломат прогласен за непожелна личност во Албанија.
На 26 март 2018 година, албанската Влада за непожелни ги прогласи руските дипломати Владислав Филипов, воен аташе, и Алексеј Николаевич Балашов, прв секретар на амбасадата, со образложение дека нивната активност не е согласно нивниот дипломатски статус.
Русија одговори реципрочно, протерувајќи двајца дипломати од албанската амбасада во Москва, Алберт Јераси и Арбен Дочи. Јераси ја извршуваше функцијата заменик амбасадор во Русија. Тој беше во Москва повеќе од три години, а претходно беше во албанската мисија на ОН во Њујорк.
– Во последниве години, историјата на депортации од Албанија не е поврзана само со Русија, туку и со Иран. Во текот на 2020 година, Албанија протера четворица Иранци, од кои двајца дипломати. На 15 јануари минатата година, албанските власти објавија дека наложиле протерување од Албанија на двајца ирански дипломати, кои беа прогласени за „персони нон грата“. Мохамад Али Арз Пеиманемати и Сејед Ахмад Хосеини Аласт, поради „активности кои не се согласно нивниот статус и принципите на Виенската конвенција за дипломатски односи, наведува телевизијата.
Ново на Сител
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава
-
Тема на денот со проф. Д-р Марија Јовановски Срцева, директорка на ТОАРИЛУЦ
-
Штипска Апелација утре ќе одлучува за притворите на екс градоначалниците на Кочани
-
СДСМ и ДУИ бараат анкетна комисија во Собрание за истрагата за Кочани
-
Како се вршат проверките за безбедност во станбените згради?
-
Нема да се затвораат училишта и градинки, властите проверуваат дали се опремени со ПП апарати
-
Пластични хирурзи апелираат за мелемите за изгореници кои се нудат на социјалните мрежи – не знаеме дали се стерилни!
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик Ток доби кривична пријава