Албанија претседава со Советот за безбедност на ОН
Албанија денеска првпат го презема едномесечното претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации.
Албанскиот премиер Еди Рама, кој ќе одржи говор на церемонијата во Њујорк, го опиша овој ден како историски за земјата во меѓународните односи.
Во видео-пораката објавена на Фејсбук, Рама изјави дека Албанија е веќе привилегирана што може да ги изрази своите верувања и „да го води Советот за безбедност на ОН“.
Тој потсети на масовните прекршувања на човековите права, од Дарфур до Мјанмар, од Авганистан до Сирија и оцени дека „раните од војните што следеа по распадот на поранешна Југославија, особено на Косово, се уште се отворени во Европа“.
– Правиме се што можеме за да продолжиме напред без да го заборавиме минатото, но се обврзуваме да изградиме заедничка иднина во мир, рече Рама.
Тој додаде дека „руската војна во Украина ја доведе во прашање европската безбедност и го разниша светскиот поредок заснован на правила“ и посочи дека „не можеме и не треба да се навикнеме на неказнивост“.
САД претседаваа со Советот за безбедност во мај, а Бразил ќе го преземе претседателството во јули.
Албанија е членка на ОН е од 14 декември 1955 година, а за непостојана членка во Советот за безбедност на светската организација беше избрана на 11 јуни 2021 година, нејзиниот мандат започна оваа година. Приемот се смета за историски датум за земјата.
Ново на Сител
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“
-
Владата ја запира постапката за разрешување на државниот обвинител
-
И угостителски и државни објекти за време на мораториумот ќе треба да отстранат неправилности
-
479 градежни фирми остануваат без лиценцата од министерство за транспорт
-
Мицкоски им врати на ДУИ - наместо сочувство ја политизираат трагедијата
-
Собранието ги откажа сите активности и оваа недела
-
Европски земји понудиле помош за подолготрајна рехабилитација на потешко повредените